Но, неизбежен ритуал е украсувањето на новогодишната елка кај Православните, Божиќно дрво кај Католиците - за чувството на спокој и хармонија во домот.
На пример, словенските народи почнале да ја одбележуваат новата година во 9 век, на најразлични начини, но китењето новогодишни елки, први започнале да украсуваат Германците и Етстонците во 16 век.
Општо прифатено е верувањето дека Мартин Лутер, протестантскиот реформатор од 16 век, прв додал запалени свеќи на дрвото. Според приказната, одејќи си дома една зимска вечер, Лутер восхитен од ѕвездите што трепереле среде зеленилото за да му ја долови сцената на семејството, подигнал дрво во главната просторија на чиишто гранки ставил поврзал со запалени свеќи.
Брзо, традицијата на китење елка започнала да се шири низ светот. Во САД се верува дека усвојувањето на оваа традиција е поврзано со сликата на кралицата Викторија и нејзиното семејство од 1842 година, која ги прикажува како седат околу украсената елка. Сепак, Американците отишле и чекор понатаму, додавајќи на своите елки и сјајна фолија.
Во Македонија китењето елка на почетоците имала секундарно значење во однос на другите традиции. Оние со подобар матријален статус поголем акцент давале на украсувањето на тогашните народни носии - помалку внимание посветувале на украсувањето на домот.
Елката, особено природната позитивно влијае на расположението и на целиот празничен амбиент во семејството.
Зимзеленото дрво е симбол на долговечност и пријателство, според филозофијата на Фенг Шуи, се поставува во левиот агол гледано од влезот на домот -тој се смета за катче на богатство. Филозофијата базирана на кинескиот хороскоп кој во 2025 година ќе биде во знакот на зелената дрвена змија, предвидува елките да се красат со декорации во смарагдни, сребрени или златни тонови. За да привлечете богатство, среќа и љубов во вашиот дом, важно е на вашата шумска убавица да закачите украси во форма на ореви или шишарки, кои според Фенг шуи претставуваат симбол на здравје и благосостојба и привлекуваат позитивни промени.
Со закачување на синџир или прстен на дрвото, испратете сигнал до универзумот за вашата намера да ја зацврстите вашата врска или да пронајдете сродна душа. Златни украси -за богатство и среќа во новата година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата