logo
logo
logo

Германија: Масовен помор, во водата на реката Одра пронајдена жива

Vecer | 12.08.2022

Германија: Масовен помор, во водата на реката Одра пронајдена жива

„Првите резултати се достапни од вчера вечерта. Сè уште ги немаме официјално, но тие навистина укажуваат на огромно загадување со жива“, изјави локалниот претставник за заштита на животната средина Грегор Бејер за јавниот радиодифузен сервис „Rbb“.

Локалната администрација веднаш ја отфрли теоријата според која причина за катастрофата може да биде премалку кислород, вели тој.

„Многу непријатниот дел од ова е што (токсините), кои очигледно дошле од правец на Полска, не биле пријавени преку соодветните системи за предупредување. Затоа можевме да реагираме само кога директно ќе се забележи изумирањето на рибите“, вели Бејер, шеф на управата за животна средина во областа Маркиш-Одерланд во германската покраина Бранденбург.

Полската агенција за заштита на животната средина во четвртокот соопшти дека ненадејната смрт на илјадници риби во реката најверојатно била предизвикана од индустриско загадување на водата, пренесе Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk