logo
logo
logo

Се случи чудо- се исправи „превитканиот човек“, кој 28 години гледал во своето меѓуножје(ВИДЕО)

Vecer | 25.04.2024

Се случи чудо- се исправи „превитканиот човек“, кој 28 години гледал во своето меѓуножје(ВИДЕО)

Разговарал со лекари, посетил неколку болници, а потоа било потврдено дека боледува од ретко пореметување - анкилозен спондилитис.

„Тој е роден како здрав човек, но од 2009 година состојбата му се влошува. Живееше со лицето притиснато на бутовите“, рече мајката на Хуа, Танг.

Несреќниот млад човек и неговото семејство се плашеле дека повеќе нема да може да стане, да јаде или да спие нормално. Живееле во рурална Кина и не можеле да најдат соодветен лекар за да го оперираат.

Поминале 28 години, а Ли сепак го гледал само меѓуножјето.

„Често беше вознемирен, прашувајќи се зошто не може да направи некаков напредок. Како другите беа исцелени, но тој не? Понекогаш паѓаше во депресија. Му реков да провери на интернет, дека ќе го водам ако најде доктор. Би земала кредит од банка“, вели мајката.

Жената најмногу се грижела кој ќе се грижи за Ли кога таа ќе умре, пренесува The Sun.

Среќата им се насмевна во 2019 година кога ја затекнале д-р Тоа Хуриен како работи на 800 километри од нивното село во провинцијата Хунан.

Отпатувале во градот Шенжен, а по прегледот лекарот ги предупредил:

„Операцијата е ризична. Ли би можел да доживее хеморагичен шок, да стане параплегичен или дури и да умре. Мора да бидете ментално подготвени за сите сценарија“.

Серијата од четири операции со висок ризик се случила меѓу 15 август и 31 октомври и вклучувала кршење на коските и нивно прередување. Најдолгата операција траела 10 часа и 25 минути.

На крајот на краиштата, требало половина година интензивна рехабилитација и Ли конечно можел да стане. Се случило чудо!

На видеата кои подоцна биле снимени во неговата куќа може да се види како тој нормално седи, работи во семејната кафеана и се шета со својата мајка.

„Конечно можам да ги погледнам луѓето во очи. Да станам, да ја подигнам главата, да пијам лекови, да седнам исправено, да легнам...“ изјави Ли.

Размислувајќи за иднината, тој истакна дека планира да започне сопствен бизнис за да може да се издржува себеси и мајка си.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk