logo
logo
logo

Германец направил ред во сообраќајот- за брзите возачи поставил тегла од краставици

Vecer | 01.04.2025

Германец направил ред во сообраќајот- за брзите возачи поставил тегла од краставици

Се уште не е јасно кој го поставил, а откако медиумите го објавија стана познато низ целата земја.

Сега се повнимателни.

Сопственикот на земјиштето секако е задоволен, бидејќи возачите кои ја минуваат улицата сега се многу повнимателни со брзината, зашто порано тука брзаа со 100 km/h, пренесува Badische Neueste Nachrichten.

За што се работи?

Непознато лице поставило лажна камера за контрола на сообраќајот, а сетапот меѓу другото се состои од празна тегла од краставици!

Локалните медиуми јавуваат дека и претходно имало обиди да се постават камери на овој простор, но безуспешно.

Тоа не е кривично дело.

Локалната полиција наведува дека поставувањето лажна камера за брзина не е кривично дело само по себе, сѐ додека не ги загрозува учесниците во сообраќајот.

Властите во моментов ја разгледуваат необичната ситуација поради можни правни последици, а Управата за јавен ред мора да одлучи што да прави со лажната камера во Фритлингер.

Од друга страна, жителите на овој крај имаат јасна порака: „Не допирајте ја“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk