logo
logo
logo

ФАТЕНА ЖИВА! РИТА ОРА ВО ЖЕШКА ТРОЈКА (ФОТО)

Vecer | 25.05.2021

ФАТЕНА ЖИВА! РИТА ОРА ВО ЖЕШКА ТРОЈКА (ФОТО)

Рита Ора и Таика Ваитити во Сиднеј се дружеа со Теса Томпсон, а папараците ги снимија сите тројца како разменуваат страствени бакнежи меѓу себе.

Пејачката Рита Ора (30) повеќе не го крие своето ново момче, режисерот Оскаровец, Таика Ваитити (45), со кого започна романса веднаш по раскинувањето на шестмесечната врска со претходниот дечко кој е исто така режисер, Ромен Гаврас (39) во февруари.

Иако се само на почетокот на нивната врска,  тие се фатени во скокотлива тројка со актерката Теса Томпсон (37) на балконот во вилата на Таика во Сиднеј, каде што тој организираше забава во неделата, пишува „Сан“.

Видно алкохолизирани, сите тројца разменуваа страсни бакнежи меѓусебе, игнорирајќи ги папараците кои ги фотографираа, а фотографиите брзо го обиколија светот.

Инаку, пејачката со албански корени со британско државјанство последните неколку месеци престојува во Австралија, каде е член на жирито на шоуто The Voice. Таму се сретна со режисерот од Нов Зеланд со кого е во врска од март годинава, но најпрво се криеја од јавноста, што за британски таблоид го потврди извор близок до парот.

Пред да бидат фатени како разменуваат бакнежи со актерката што сме имале можност да ја гледаме во филмовите на Тор, тие биле снимени во центарот на Сиднеј додека оделе кон ресторан, а на ручекот им се придружил и самиот Тор, односно актерот Крис Хемсворт (37) и неговиот убавата сопруга Елса Патаки (44)

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk