Владислава Галаган е руска бодибилдерка која моментално живее и работи во Дубаи, а вниманието на јавноста го привлече во 2022 година, кога на интернет почнаа да кружат видеа и фотографии на кои е целосно гола. Оваа бринета потоа го изненади светот со својот нетипичен изглед - таа е ангелски убава, што е во контраст со нејзината „разбацана“ фигура и мускули на кои би и позавидел и најдобриот бодибилдер.
Оттогаш, Владислава собра огромен број следбеници на социјалните мрежи - над 1,8 милиони луѓе ја следат само на Инстаграм. Таму редовно споделува фотографии и видеа од тренинзите, а одвреме-навреме објавува и провокативни.
Така, пред неколку дена таа се пофали со видео на кое парадира на плажа во минијатурно бикини со леопард принт. Атрактивната Русинка покажува затегнати нозе, заоблен задник, но и широки раменици, огромни бицепси и челични стомачни мускули.
Малкумина би погодиле кога ќе го видат нежното и убаво лице на Владислава дека таа ги има мускулите поради кои и го доби прекарот „Хулк“. Специфична фигура ја направи оваа Русинка позната, но во исто време беше подложена на море од критики и грди коментари. Имено, многумина сметаат дека таа претерала со вежбањето и бодибилдингот во кои е страсно вљубена и дека ја „убила“ својата женственост.
"Го видов твоето лице и бев воодушевен. Мислев дека природно убавите жени сè уште постојат, а потоа го видов твоето тело... многу ми е жал што си го направила ова", "Како да си маж, не жена“, „Зошто намерно се претвори во маж“, „Жена ѕверка“, „Те молам прекини го ова, ја убиваш својата извонредна убавина“, „Признај дека земаш тестостерон“, „Зошто оваа крајност“, „Можеше да го имаш светот на дланка, а ти реши да станеш ова“, се само дел од ужасните коментари кои ги добива речиси секојдневно.
На оваа млада дама секако не и пречат навредите и ја следи својата страст, а секогаш има и такви кои се импресионирани од нејзината фигура и ја поддржуваат во нејзината фитнес и бодибилдинг мисија. Многумина и велат дека е „најубавата жена на планетата“ и дека оние што ја навредуваат се само љубоморни затоа што не можат да се измерат со нејзината сила и харизма.