logo
logo
logo

Фатално летување во Бразил: Две девојки се убиени веднаш по влегувањето во хотелска соба

Vecer | 26.09.2023

Фатално летување во Бразил: Две девојки се убиени веднаш по влегувањето во хотелска соба

Евелин Хансен (30) и Џесика Касандра Периера да Силва (19) пристигнале во хотел во Алагос утрото на 16 септември.

Два часа подоцна и двете девојки биле застрелани во глава. Поради начинот на кој биле убиени, полицијата се сомнева дека двете биле намамени во ова одморалиште, а потоа убиени.

Полицијата во нивната хотелска соба пронашла неколку лименки пиво, марихуана и траги од крв.

Во овој момент од истрагата, се верува дека барем едната од нив ги познавала напаѓачите, бидејќи ги пуштиле во собата. Недолго потоа и двете девојки биле застрелани во глава, а напаѓачите потоа мирно ја напуштиле просторијата.

Полицијата веднаш ги идентификувала тројцата осомничени. По злосторството побегнале со автомобил со лажни таблички, кои подоцна биле пронајдени фрлени во близина на хотелот.

Еден осомничен набрзо бил уапсен, но тој ја негирал вината на распитот, а по двајца се уште се трага, објави Индипендент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk