logo
logo
logo

КОКАИНСКА БАРБИКА: Сама се издала, ЈА ОБЈАВИЛА ДРОГАТА НА ИНСТАГРАМ па ја уапсиле

Vecer | 28.02.2024

КОКАИНСКА БАРБИКА: Сама се издала, ЈА ОБЈАВИЛА ДРОГАТА НА ИНСТАГРАМ па ја уапсиле

Девојката наречена „Кокаинска Барбика“ била уапсена откако на Инстаграм се пофалила со огромна количина скриена дрога.

Едуарда Маркес (20), која често ги воодушевувала своите следбеници со трикови со велосипед, била уапсена откако полицијата во нејзиниот стан открила скриена дрога. Полицијата запленила 13 вреќи кокаин, малку „трева“ и пари. Затоа Маркес сега ја нарекуваат „кокаинската барбика“.

За време на рацијата, уапсен е и 16-годишник, за кој се верува дека е дел од истата банда, пренесува Дејли Стар.

Маркес има повеќе од 20.000 следбеници на Инстаграм, каде што го покажува својот луксузен живот во Бразил.

Нејзините слики и видеа покажуваат како се забавува или се релаксира на забави покрај базен. Била видена и како изведува ризични акробации на мотор.

Во една објава, таа дури им порачува на своите фанови да влезат во подарок за пијачка и шиша.

Откако била уапсена во Сао Хозе до Рио Прето, Бразил, нејзините обожаватели на социјалните мрежи се собрале за да ја понудат својата помош во обидот да ја извлечат од затвор.

Еден корисник, Фабрицио, напишал: „Кажи ми, како да те извадам од затвор душо?“

„Кокаинската Барбика“ сега чека судење за дрога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk