Според овие податоци, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, најдолги работни недели има во Грција и тоа од 41 час, по што следува Полска со 40,4 и Романија и Бугарија со по 40,2 часа.
Од друга страна, најкратко се работи во Холандија, каде просечната работна седмица изнесувала 33,2 часа, по што следуваат Германија со 35,3 и Данска со 35,4 часа.
Должината на просечната работна недела се пресметува според бројот на часови што вообичаено се одработуваат неделно на главното работно место, вклучувајќи ги и дополнителните часови, без разлика дали се платени или неплатени, но го исклучува времето на патување од дома до работното место и назад, паузите за оброк и часовите минати на обуки што не се поврзани со работата. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата