logo
logo
logo

Успешно развиени ЕМБРИОНИ НА ЦИЦАЧИ ВО ОРБИТАТА - Значаен триумф на кинеските научници

Vecer | 05.06.2026

Успешно развиени ЕМБРИОНИ НА ЦИЦАЧИ ВО ОРБИТАТА - Значаен триумф на кинеските научници

Кинеските научници постигнаа значаен научен и технолошки успех со спроведување на експеримент за развој на ембриони од цицачи во вселената, како дел од актуелната мисија „Шенжоу-22“. Како што пренесува Kинескaтa академија за наука, примероците беа успешно вратени на Земјата на 29 мај и веднаш се транспортирани во истражувачките центри во Пекинг за детална анализа.

Истражувањето го води Институтот за напредна технологија во Шенжен при Кинеската академија на науките. Главната цел е да се испита како условите на микрогравитација влијаат врз развојот на ембрионите пред нивната имплантација, со посебен фокус на евентуалните промени кај митохондриите и потенцијалните епигенетски модификации кои можат да го насочат клеточниот развој.

За време на престојот во орбитата, ембрионите беа култивирани на кинеската вселенска станица со помош на високософистицирани микрофлуидни системи. Научниците на Земјата имаа можност во реално време, преку напредни системи за набљудување и снимање, да го следат целиот процес. Според првичните извештаи, сите технички системи функционирале беспрекорно, а ембрионите покажале нормален и очекуван развој и покрај отсуството на гравитација.

Во следната клучна фаза од истражувањето, стручниот тим ќе спроведе детална споредбена анализа со помош на молекуларни и генетски методи. Тие ќе ги споредат вселенските примероци со контролна група ембриони кои останаа на Земјата, со цел подлабоко да се разберат долгорочните ефекти од вселенската средина врз раниот развој на живите организми.

Овој експеримент претставува директно продолжение на претходните напори на Кина за проучување на биологијата во вселената, со што земјата го зацврстува своето место во проучувањето на основните животни процеси надвор од нашата планета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk