logo
logo
logo

МАРС ВО БЛИЗНАЦИ ГО МЕНУВА ПРАВЕЦОТ НА НАСТАНИТЕ! Што ви носи овој бурен летен транзит?

Vecer | 26.06.2026

МАРС ВО БЛИЗНАЦИ ГО МЕНУВА ПРАВЕЦОТ НА НАСТАНИТЕ! Што ви носи овој бурен летен транзит?

Од 28 јуни 2026 година, Марс влегува во знакот Близнаци и таму останува до 11 август. Овој транзит носи забрзување на секојдневниот ритам, засилена ментална активност и потреба сè да се каже, разјасни и покрене веднаш. Мислите стануваат побрзи, комуникацијата подиректна, а одлуките поимпулсивни од вообичаено.

Марс во Близнаци не делува преку физичка сила, туку преку зборот, идејата и информацијата. Ова е период кога разговорите можат да го променат текот на настаните, а само една порака или реченица може да покрене сосема нов правец во животот.

Во продолжение е прегледот како овој транзит влијае на секој знак ‒ преку љубовта, работата и здравјето.

Овен

  • Љубов: Во односите доаѓа до повеќе разговори, но и расправии. Ве привлекува ментална стимулација ‒ партнер кој ве „буди“ интелектуално. Слободните Овни можат да влезат во флерт кој започнува спонтано, преку пораки или социјални мрежи. Важно е да не реагирате пребрзо на провокации.
  • Работа: Засилена комуникација, состаноци и преговори. Ова е добар период за идеи, маркетинг, продажба и сè што вклучува јавен настап. Внимавајте на расплинување на енергијата на повеќе страни.
  • Здравје: Ментален замор и нервоза. Можни се главоболки поради стрес и премногу обврски. Потребно е повеќе движење и пократки паузи.

Бик

  • Љубов: Се отвораат темите за сигурност и доверба. Партнерот може да стане подиректен, што на почетокот може да ве исфрли од рамнотежа. Слободните Бикови размислуваат за личност која делува стабилно, но комуникацијата мора да биде јасна за да не дојде до недоразбирања.
  • Работа: Фокус на финансиите. Се појавуваат нови можности за заработка, но и импулсивни трошоци. Добар период за дополнителна работа или промена на начинот на заработка.
  • Здравје: Зголемен стрес поради пари и чувство на напрегнатост во телото. Важно е да воведете рутина на спиење и исхрана без претерување.

Близнаци

  • Љубов: Вашиот знак е во центарот на случувањата. Засилена харизма, флерт и потреба за слобода. Во врската може да дојде до освежување, но и до расправии ако чувствувате ограничување. Слободните Близнаци се магнетични и многу барани.
  • Работа: Најактивниот период во годината. Идеите доаѓаат брзо, но предизвик е да ги спроведете до крај. Идеално за почеток на проекти, но не и за расплинување на енергијата.
  • Здравје: Нервниот систем е чувствителен. Можни се проблеми со сонот и концентрацијата. Потребно е забавување во вечерните часови.

Рак

  • Љубов: Повлекување и интроспекција. Старите емоции можат да испливаат на површина. Партнерот може да бара повеќе објаснувања отколку што ви пријавува. Слободните Ракови размислуваат за минатото.
  • Работа: Работа „зад сцената“. Ова не се идеални месеци за експонирање, туку за подготовка. Интуицијата е силна, но треба да се избегнуваат импулсивни одлуки.
  • Здравје: Чувствителен стомак и емоционален стрес. Важно е да не се исцрпувате со туѓи проблеми.

Лав

  • Љубов: Друштвениот живот се засилува. Можно е ново познанство преку пријатели или настани. Во врската доаѓа до повеќе динамика и планови за иднината.
  • Работа: Тимската работа и контактите носат можности. Ова е добар период за вмрежување и јавни настапи.
  • Здравје: Повеќе енергија, но и ризик од преоптоварување. Потребно е да ги балансирате активностите.

Девица

  • Љубов: Партнерот може да биде подиректен од вообичаено, што ве тера на појасно дефинирање на односот. Слободните Девици можат да влезат во врска преку работата.
  • Работа: Кариерата доаѓа во фокус. Зголемена одговорност, но i шанса за напредување. Важно е да не преземате премногу обврски одеднаш.
  • Здравје: Напрегнатост во вратот и рамената. Потребен е одмор од претерано анализирање.

Вага

  • Љубов: Се отвораат темите за патувања, далечина или поинакви погледи на животот. Врските на далечина или онлајн комуникацијата стануваат значајни.
  • Работа: Обуките, курсевите и усовршувањето доаѓаат во прв план. Добар период за учење и ширење на знаењето.
  • Здравје: Ментален замор, потреба за промена на средината и повеќе престој надвор.

Шкорпија

  • Љубов: Интензивни емоции и потреба за подлабока поврзаност. Можни се расправии околу довербата. Слободните Шкорпии влегуваат во страсни, но комплицирани односи.
  • Работа: Финансии преку други луѓе (партнерства, кредити, инвестиции). Потребно е детално да се проверат сите договори.
  • Здравје: Стрес кој се „собира“. Важно е растоварување преку физичка активност.

Стрелец

  • Љубов: Односот станува подинамичен. Повеќе разговори, но и недоразбирања ако не се слушате доволно. Слободните Стрелци влегуваат во интересни контакти.
  • Работа: Партнерствата и соработките се клучни. Добар период за преговори.
  • Здравје: Потребна е повеќе рамнотежа меѓу работата и одморот.

Јарец

  • Љубов: Помалку време за емоции поради обврските. Партнерот може да бара повеќе внимание. Слободните Јарци запознаваат луѓе преку секојдневниот живот.
  • Работа: Забрзан темпо на работа и многу ситни задачи. Организацијата е клучот.
  • Здравје: Замор и исцрпеност — потребно е повеќе сон и рутина.

Водолија

  • Љубов: Засилена романтика и флерт. Креативната енергија расте, па можни се нови љубови кои започнуваат од забава.
  • Работа: Идеите, креативноста и јавниот настап носат успех. Одличен период за проекти кои бараат оригиналност.
  • Здравје: Повеќе енергија, но и потреба за физичка активност.

Риби

  • Љубов: Семејството и емотивната сигурност доаѓаат во фокус. Можни се разговори за минатото. Во врската ‒ потреба за стабилност.
  • Работа: Работа од дома или во познато опкружување. Фокус на приватни проекти.
  • Здравје: Емоционална чувствителност. Важно е создавањето мирно опкружување.

Заклучок

Марс во Близнаци носи лето на забрзани мисли, разговори и одлуки. Некои нешта ќе се покренат спонтано, но ќе бараат фокус за да не дојде до расплинување на енергијата.

Ова е период во кој зборовите имаат сила да го менуваат правецот на настаните ‒ побрзо од кога било претходно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk