logo
logo
logo

Контактни леќи што овозможуваат гледање во темница, па дури и со затворени очи

Vecer | 25.05.2025

Контактни леќи што овозможуваат гледање во темница, па дури и со затворени очи

Научници создале контактни леќи кои му овозможуваат на корисникот да гледа во темница, дури и со затворени очи.

Во истражување објавено во списанието „Cell“, невронаучниците објаснија како ги развиле овие револуционерни леќи со претворање на инфрацрвената светлина во видлива светлина, објавува порталот „Hill“.

Како што наведоа истражувачите, изворот на светлина не е потребен, а лице кое носи нов тип леќи може истовремено да гледа и обична и инфрацрвена светлина, при што втората се засилува кога очите се држат затворени.

„Нашето истражување создава потенцијал што им дава на луѓето супервид“, рече водачот на тимот Тијан Суе од Универзитетот за наука и технологија на Кина.

За да се добијат овие леќи, наночестичките се комбинираат со нетоксични и флексибилни полимери кои често се користат во производството на контактни леќи.

Засега, новиот тип леќи може да гледа само инфрацрвено зрачење од LED светла, но научниците се надеваат дека на крајот ќе развијат леќи со попрецизна резолуција и поголема чувствителност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk