logo
logo
logo

ИЛОН МАСК меѓу бизнис лидерите кои го придружуваат Трамп во Кина

Vecer | 13.05.2026

ИЛОН МАСК меѓу бизнис лидерите кои го придружуваат Трамп во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп на неговата посета во Кина поведе голем број врвни директори од бизнис и технолошката индустрија, пренесува Би-би-си.

Американскиот милијардер Илон Маск е меѓу водечките бизнис-лидери кои го придружуваат Трамп.

Од Белата куќа потврдија дека Маск се качил во претседателскиот авион, кој полета за Пекинг.

Во делегацијата се и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, кој во септември треба да се повлече од функцијата, како и првиот човек на „Нвидиа“, Џенсен Хуанг, чија компанија е еден од најголемите светски производители на чипови за вештачка интелигенција.

Трамп во Кина го придружуваат и директорот на „Боинг“ Роберт Кели Ортберг, директорот на „Блекрок“ Лари Финк, коосновачот и директор на „Блекстоун“ Стивен Шварцман, директорот на „Каргил“ Брајан Сајкс и директорката на „Ситигруп“, Џејн Фрејзер.

Во американската делегација се и претставници на компании како „Голдман Сакс“, „Мастеркард“, „Мета“, „Квалком“, „Микрон“, „Виза“ и други големи технолошки и финансиски компании.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk