logo
logo
logo

СНАА ОД ПЕКОЛОТ! Ги поканила свекорот и свекрвата на ручек, набрзо ПОЧИНАЛЕ во тешки маки! Била убедена дека ќе се ИЗВЛЕЧЕ

Vecer | 05.05.2025

СНАА ОД ПЕКОЛОТ! Ги поканила свекорот и свекрвата на ручек, набрзо ПОЧИНАЛЕ во тешки маки! Била убедена дека ќе се ИЗВЛЕЧЕ

Светската јавност со големо внимание го следи судењето во кое Ерин Патерсон (50) од Мелбурн е обвинета за убиство на нејзиниот свекор, свекрва и нивни роднини, како и за обид за убиство на свештеник кој исто така бил дел од семејството на нејзиниот сопруг. Гостите на Патерсон починале во агонија поради, како што се сомнева, ручекот што им го послужила, а кој бил отруен.

Ерин Патерсон е обвинета за убиство на нејзиниот свекор и свекрва, Дон и Гејл Патерсон, како и сестрата на Дон, Хедер Вилкинсон. Се сомнева дека таа им послужила ручек кон крајот на јули 2023 година, што, ќе се испостави, бил нивниот последен. Ерин им понудила на нејзиниот свекор, свекрва и роднини кифлички со печурки и говедско месо.

Пасторот Јан Вилкинсон бил единствениот што го преживеал ручекот, но поминал долго време во болница каде што лекарите успеале да го спасат по труењето.

На претходните сослушувања, Ерин Патерсон тврдеше дека немала намера да ги труе, а камоли да ги убие родителите и роднините на нејзиниот сопруг. Сепак, остана нејасно зошто сите јаделе од сиви чинии, а таа си подготвила портокалова чинија, што на последното судење го открил единствениот преживеан гостин од судбоносниот ручек, пасторот Јан Вилкинсон.

Ручекот што го организирала Ерин имаше тажна пригода. Имено, таа им се јавила на родителите и роднините на нејзиниот сопруг за да ги праша како да им каже на своите деца дека ѝ е дијагностициран рак на јајниците.

Нејзината свекрва веќе делумно била свесна за здравствениот проблем на Ерин. Таа знаела дека отишла на биопсија и магнетна резонанца, па и испраќала пораки за да дознае какви се резултатите. Околу десет дена пред судбоносниот ручек, Ерин се сретнала со својата свекрва во црква, а потоа, заедно со сопругот и роднините, ја поканила да дојде на ручек. Таа, исто така, го замолила својот сопруг, со кого не живеела веќе некое време, да присуствува на ручекот.

На почетокот, Сајмон се согласил, но потоа го откажал семејниот ручек бидејќи „се чувствувал непријатно“, што ја налутило и ја растажило Ерин. Таа му испратила порака во која наведува дека вложила многу труд за да направи „специјален оброк“.

Сепак, останатите гости пристигнале и по краток разговор со домаќинката, таа ја послужила храната: оброк од говедско месо со печурки во тесто, како и каша и грав.

На сите им послужила храна во сиви чинии, а за себе избрала портокалова.

По ручекот, Ерин Патерсон им кажала дека има рак и ги прашала што мислат, како да им кажат на децата. На судењето се чуло дека целото семејство се молело за здравјето на Ерин, пред сите заедно да ја напуштат нејзината куќа околу 15 часот.

Неколку часа подоцна гостите почнале да чувствуваат здравствени проблеми. Кога гадењето и болката станале неподносливи, побарале лекарска помош. За жал, немало спас: Гејл и Хедер починале во болницата седум дена по судбоносниот ручек кај Ерин, а еден ден подоцна истата судбина го снашла и Дон. Само пасторот Јан Вилкинсон преживеа и сега е главен сведок на судењето на Ерин.

Таа, од друга страна, тврди дека не е виновна и дека не знае што се случило со семејството на нејзиниот сопруг.

Обвинителите велат дека јадењето содржело отровни печурки. Полицијата претходно соопшти дека симптомите на сите четворица заболени се во согласност со труење со дива Amanita phalloides, позната како печурка на смртта - која е одговорна за 90 % од сите смртни случаи поврзани со отровни печурки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk