logo
logo
logo

ПЕНТАГОН ВОВЕДУВА „ТЕСТ ЗА МАШКОСТ“ - Ако некому фали, ќе прима инјекции!

Vecer | 16.07.2026

ПЕНТАГОН ВОВЕДУВА „ТЕСТ ЗА МАШКОСТ“ - Ако некому фали, ќе прима инјекции!

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави дека сите активни и резервни војници на возраст од 30 години и повеќе ќе бидат тестирани за недостаток на тестостерон како дел од редовните здравствени прегледи, објави Би-би-си.

Војниците кај кои ќе биде утврдено ниско ниво на тестостерон ќе можат доброволно да примаат хормонска терапија, додека тестирањето за помладите од 30 години ќе биде опционално.

„Им должиме на нашите војници најдобра медицинска грижа. Целта е тие да останат силни, отпорни и подготвени за службата“, изјави Хегсет, нагласувајќи дека програмата не е наменета за вештачко подобрување на физичките способности.

Пентагон соопшти дека мерката стапува во сила веднаш и треба да помогне во одржување на „здрава, способна и доминантна борбена сила“.

Дел од демократите ја критикуваа одлуката, барајќи доколку се тестираат мажите, да се овозможи хормонален скрининг и за жените.

Според д-р Мохит Кера, професор по урологија на Медицинскиот колеџ Бејлор, нискиот тестостерон може да влијае врз мускулната маса, енергијата и борбената подготвеност, но предупреди дека терапијата не е за секого, бидејќи кај помладите мажи може да предизвика неплодност и да носи одредени здравствени ризици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk