logo
logo
logo

Бунт на лет на „Рајанер“: Лет од три часа траел речиси 12

Vecer | 16.07.2026

Бунт на лет на „Рајанер“: Лет од три часа траел речиси 12

Во еден момент, ситуацијата ескалирала дотаму што била повикана полиција во авионот откако тој слета во Грција.

Авионот на Летот RK8288 полета од аеродромот „Лондон Станстед“ на 3 јуни кон албанскиот главен град, но пилотот бил принуден да го измени планот на летот поради лошите временски услови.

Само неколку часа по полетувањето, патниците биле известени дека нема да слетаат во Тирана, туку во Бриндизи, Италија. По слетувањето во Италија, авионот останал на пистата речиси три часа, а патниците тврдат дека во тој период добиле многу малку информации за ситуацијата.

Подоцна, екипажот најавил продолжување на летот кон Тирана; сепак, само десет минути пред планираното слетување, било соопштено дека авионот повторно се пренасочува – овој пат кон Солун, Грција – поради невреме со грмотевици над Албанија, пренесува „Сан“ (The Sun).

Тогаш меѓу патниците завладеало големо незадоволство.

„Тоа беше моментот кога сите изгубија трпение и изби метеж“, изјави еден од патниците за британските медиуми.

Група мажи се собраал пред пилотската кабина и почнала да го повикува пилотот.

„Тој е кукавица. Пилотот треба да излезе и да се соочи со нас како маж“, викаа незадоволните патници.

Поради сето ова во Солун морала да интервенира и полицијата.

По слетувањето во Солун, околу 12 патници побараа да им се дозволи да излезат од авионот. „Не можете да нè задржите овде“, рекле тие. Според патниците, на крајот била повикана грчката полиција, која му препорачала на екипажот да им дозволи на патниците да излезат од авионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk