Основачот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос, се „испружи“ на земја во пустината Тексас додека трчаше да ја поздрави својата свршеница Лорен Санчез и целосно женската екипа додека се враќаа на Земјата по уште една комерцијална суборбитална мисија како дел од вселенската програма на Безос.
Директниот пренос на историското слетување го сними моментот кога 61-годишниот Безос падна додека трчаше околу прозорецот на капсулата во која се наоѓаше неговата свршеница.
Безос, вториот најбогат човек на светот, ја пречека Лорен Санчез на вратата од капсулата. Откако го прослави историскиот 11-минутен лет со нејзиниот иден сопруг, Санчез брзо се сврте да го прегрне остатокот од нејзиното семејство кои ја чекаа на местото на слетување.
"Не можам да го опишам со зборови. Ја видовме Месечината! Земјата изгледаше толку тивко... Мислам дека не можете да ја опишете", низ солзи рекла Санчез.
Jeff Bezos falls face-first on national TV 🤣 pic.twitter.com/LzgJViKlvO
— Matt Wallace (@MattWallace888) April 14, 2025
Безос, кој леташе на првата туристичка мисија на Blue Origin, ѝ кажа на Лорен дека искуството ќе ѝ го промени животот и беше воодушевен што и таа сега го доживеа. Лорен Санчез полета во вселената со уште пет жени, меѓу кои поп-ѕвездата Кети Пери, водителката на CBS Mornings, Гејл Кинг, активистката за човекови права Аманда Нгујен, ракетниот научник Ајша Боу и филмската продуцентка Керијан Флин.
Жените летаа околу 100 километри над Земјата, веднаш над линијата Карман што ја означува границата на вселената - каде што имаа шанса да ја видат темнината на вселената, Месечината и Сината планета. Оваа мисија го претставува првото целосно женско патување во вселената по соло лет на советската космонаутка Валентина Терешкова во 1963 година.
Мисијата е, исто така, 11-ти лет со екипаж во рамките на програмата Њу Шепард на Безос.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата