Иако понекогаш се чини дека пронаоѓањето на вистинската личност треба да дојде спонтано, реално запознавањето бара труд и јасни критериуми. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат јасни стандарди во љубовните односи, одлучуваат селективно и завршуваат во поквалитетни врски, додека оние кои се плашат од осаменост многу често ги спуштаат своите критериуми.
Токму затоа мажите на кои им недостасува шарм често покажуваат обрасци на однесување кои укажуваат на недостаток на емоционална зрелост или самосвест. Според брачниот и семеен жена-терапевт Зои Шо, мажите без шарм лесно се забележуваат по овие карактеристични навики.
1. Трчаат по сите
„Истражувањата покажале дека луѓето кои се плашат да бидат сами почесто ги намалуваат своите критериуми и стануваат значително помалку пребирливи при изборот на партнер. Кога мажот се обидува да воспостави контакт со секоја личност која ќе му посвети малку внимание, наместо да има јасни критериуми за компатибилност, тоа упатува на потребата за потврда, а не на вистинската желба за квалитетна врска“, објаснува Шо за YourTango.
Во такви ситуации, изостанува јасна претстава за тоа каква врска сака и со кого може да ја оствари. „Наместо селективен пристап, однесувањето се сведува на случајно барање внимание, што често води до краткотрајни, површни односи кои немаат вистински потенцијал од самиот почеток“, додава терапевтот.
2. Не е искрен во своите намери
Искреноста се смета за основа на секој здрав однос, но многумина избегнуваат отворено да зборуваат за своите намери затоа што се плашат од отфрлање или непријатни разговори. Наместо јасна комуникација, тие избираат неодреденост, верувајќи дека тоа ги прави да изгледаат поинтересни или мистериозни.
„Студија од Универзитетот во Рочестер покажа дека отвореното искажување на очекувањата и намерите води до поголемо задоволство во врската за двете страни. Мажите кои избегнуваат вакви разговори често го прават тоа бидејќи им недостасува самодоверба јасно да кажат што сакаат, што создава долгорочно несигурност и фрустрација во односот“, заклучува Шо.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата