Повеќето луѓе имаат мобилен телефон во рака додека седат на тоалетната школка и чепкаат по него додека вршат нужда, пишува LAD Bible. Гастроентерологот д-р Сети на својот ТикТок откри дека тоа воопшто не е добра идеја и ги предупреди сите кои користат мобилни телефони додека седат во тоалет да не го прават тоа.
Открил дека „можеби изгледа безопасно да „чепкате“ по социјалните мрежи или да одговарате на е-пошта“ додека седите во тоалетот, но предупреди дека тоа всушност може да има „некои сериозни последици“.

Може да добиете хемороиди и да соберете бактерии
„Прво, користењето на телефонот додека вршите нужда може да доведе до продолжено седење во тоалетот што може да предизвика оптоварување и притисок врз вашиот ректум и анус. Ова може да доведе до проблеми како што се хемороиди, анални пукнатини, па дури и ректален пролапс“, истакнал д-р Сети.
„Друг проблем е тоа што може да биде почва за бактерии. Истражувањата покажаа дека просечниот паметен телефон е повалкан од јавен тоалет“, додал тој.
Минатата година, научниците од Универзитетот во Аризона открија дека мобилните телефони имаат десет пати повеќе бактерии од повеќето тоалети. Но, ако навистина мора да го имате мобилниот со себе додека седите во тоалет, д-р Сети предлага да го исчистите со марамче за дезинфекција пред да излезете од бањата.