Можете ли да погодите која страна од лицето е природна, а на која страна има ботокс? Докторка од Калифорнија решила да го провери - на себе. Д-р Бита Заде Ферел го предизвика вниманието на јавноста со експеримент што го сподели со своите 250.000 следбеници на Инстаграм. Таа инјектирала ботокс само во долните мускули на десната страна од нејзиното лице. Резултатот? Повеќе од импресивен.
„Навистина се обидувам да ја поместам оваа страна“, вели таа во видеото додека се обидува да ги затегне мускулите, но безуспешно.
Страната со ботокс останала речиси целосно неподвижна, додека другата покажала природен израз на лицето. Лекарката објаснила дека без ботокс, платизма мускулот и мускулот што го спушта аголот на усната активно се повлекуваат надолу, додека третираната страна останува затегната и визуелно подигната. Образите со ботокс изгледаат пополни, наборите околу носот се помеки, а линиите околу усните се значително помалку изразени.
Како функционира?
Ботоксот ги парализира мускулите, што ги спречува да се собираат и да формираат брчки. Кога се нанесува на долниот дел од лицето, повисоките мускули ја преземаат функцијата, што може да придонесе за затегнување, кревање и освежување на контурите на лицето.
„Ова помага да се омекнат линиите, опуштените, назолабијалните набори, а исто така се затегнува вратот и се истакнува вилицата“, објаснила докторката.
Сепак, ефектите се привремени. Траат од три до четири месеци, по што третманот мора да се повтори.
Не е се без ризик!
Кога се администрира правилно, ботоксот е безбеден, но прекумерното вбризгување може да доведе до „замрзнат“ израз на лицето, овенати очни капаци, двоен вид, па дури и проблеми со дишењето. Според истражувањата, дури четири од пет жени пријавуваат несакани ефекти како што се главоболки, вртоглавица или чувство на ментална магла.
Поради зголемената популарност на овие третмани, експертите се повеќе бараат построги контроли бидејќи некои даватели на услуги почнуваат да работат по курсеви од само седум дена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата