logo
logo
logo

Дик Ван Дајк ја откри тајната на долговечноста

Vecer | 26.02.2023

Дик Ван Дајк ја откри тајната на долговечноста

Холивудскиот ветеран Дик Ван Дајк, кој оваа година требаше да го прослави својот 98 роденден, откри кои четири работи му помагаат да ја одржи виталноста.

Фактот што се чувствува фантастично на 97 години го препиша на добрите гени, а истакна и дека неговата 51-годишна сопруга е клучен фактор за тоа.

„Ми помага тоа што имам убава сопруга која е половина од моите години и се грижи за мене“, вели актерот за својата сопруга со која е во брак 11 години.

Нагласи дека е важно и да биде позитивен, на што, вели, сопругата го научила, но не ги изоставува ниту тренинзите.

„Ја напишав книгата „Продолжи да се движиш“. Сè уште одам во теретана три пати неделно и вежбам. На сите им советувам да го прават тоа. Вежбањето е одговорот“, објаснува Ван Дијк, кој се занимава со аеробик на вода, крева тегови и оди на лента за трчање.

Ван Дијк зборуваше за врската со сопругата, која првпат ја запозна на церемонијата на доделување награди во 2007 година, кога тој имаше 81 година, а таа 35.

"Ние го делиме истиот став, таа сака да пее и танцува, што го правиме речиси секој ден. Таа е едноставно прекрасна", вели тој и признава дека на почетокот бил загрижен дека многу луѓе би помислиле дека таа се омажила за него само за пари, но тој бил благодарен што никој не изразил такво мислење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk