Едноставна детска игра речиси се претворила во скапа збрка кога Лиам, второодделенец, случајно нарачал неверојатна количина од популарните бонбони преку интернет.
Тој си играл со телефонот на мајка му, а несреќната жена доживеала шок откако на прагот се појавиле 30 големи кутии!
Синот ја признал грешката
Жителката на Кентаки била изненадена од глетката пред семејната куќа, а кога прочитала што пишувало на кутиите, сè ѝ било јасно. Внатре имало ни помалку ни повеќе туку 70.000 од популарните лижавчиња „Дам-Дам“! Во секоја кутија имало 2.340 парчиња, а како што подоцна открила, нарачката чинела околу 4.200 долари.
„Не можев да им верувам на очите! Мислев дека е грешка“, изјавила Холи Лафаверс за локалните медиуми.
Нејзиниот син набрзо признал дека случајно нарачал слатки додека си играл на телефон.
Реакции на социјалните мрежи
Кога жената контактирала со „Амазон“, преку чија апликација сè било сторено, компанијата се согласила да се направи поврат на осум кутии. Потоа Холи одлучи да ги понуди преостанатите „залихи“ на продажба на соседите и пријателите.
Во меѓувреме, додека нејзината приказна се појавуваше во медиумите, таа доби уште еден повик од Амазон, кои одлучија да ѝ ги вратат парите во целост.
„Ви благодарам на сите што сакавте да помогнете“, напиша таа на социјалните мрежи. „Со задоволство ќе го доставам она што сте го „нарачале“ или ќе го донирам во добротворни цели“.
Инцидентот предизвика бројни реакции на интернет, со предупредување до родителите да ги заштитат своите уреди со лозинки - бидејќи дури и едно невнимание може да резултира со илјадници лижавчиња на вратата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата