logo
logo
logo

„Денови на кочанскиот ориз“ со симболично издание, Ленче Стојанова прогласена за најуспешен оризопроизводител

Vecer | 05.10.2025

„Денови на кочанскиот ориз“ со симболично издание, Ленче Стојанова прогласена за најуспешен оризопроизводител

Истовремено, Општината го прогласи најуспешниот оризопроизводител. Годинава, тоа е жена, која потекнува од земјоделско семејство. На, нај – оризопроизводителот на годината, Ленче Стојанова и беше врачена парична награда од 60 илјади денари.

На ваков начин, Општната ја одбележа традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, која годинава го доживеа 34.издание, без вообичаените содржини и без гости од Македонија и опкружувањето поради трагедијата од 16 – ти март, кога во пожар во кочанска дискотека животот го загубија 62 лица.

Најуспешниот оризопроизводител, Ленче Стојанова, со земјоделство се бави веќе две децении. Таа е регистриран земјоделски производител, кој во 2024 година има предадено 55 450 кг оризова арпа и поседува 46 ха земјоделско земјиште.

Д-р Верица Илиева, професорка на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, во завршницата од манифестацијата, го претстави проектот „КАРБОНИКА – Јаглеродна иницијатива за климатски отпорно земјоделство“. 

Со овој, проект се развиваат земјоделски практики кои го задржуваат јаглеродот во почвата или ги намалуваат емисиите на стакленички гасови и практики за следење на нивото на складираниот јаглерод во почвата, како придонес во ублажувањето на климатските промени, рече Илиева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk