logo
logo
logo

МИЛЕНЦЕ, РЕГАЛ и ЖОЛТ СОК

Денешните деца НЕ ЗНААТ како се дружело порано! Полна куќа, седи кој каде стигнал, никој НЕ ЗЈАПА во телефон и туѓи патики!

Vecer | 03.10.2023

Денешните деца НЕ ЗНААТ како се дружело порано! Полна куќа, седи кој каде стигнал, никој НЕ ЗЈАПА во телефон и туѓи патики!

Миленце, регал, исклучен телевизор, а на масата грицки и жолт сок!

Видеото кое кружи на социјалните мрежи многумина ги врати во минатото и ги потсети на деновите без социјални мрежи и мобилни телефони, кога сите беа главно облечени исто, бидејќи немаше што друго да се купи, па никој не забележуваше кој и какви патики носи.

Видеото сведочи за тоа како некогаш, а не така одамна изгледаа седенките, забавите и приватните прослави.

На видеото можете да видите како распеаното друштво пее фолк хитови, додека сите се седнати на подот затоа што куќата е претесна за да прими толку многу луѓе, но на времето така се славеа родендените, веридбите и испраќањата во војска, и не само за оние кои немаа за подобро и полуксузно.

Никој не гледа во телефон, туку сите пеат во еден глас.

 

 

 

Денешните деца ретко имаат можност јавно да видат вакви снимки, како нивните родители се дружеле кога биле мали или млади.

Снимката е направена на VHS во 1998 година, што е видливо на екранот, иако изгледа многу постаро и не се знае каде е точно направена.

Видеото предизвика бројни коментари на Фејсбук, а вие што велите? Дали е позабавно сите да пеат или никој со никого да не зборува, а фокусот да е ставен на мобилните телефони?!

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk