Основачот на Фејсбук (сега Мета) и мултимилијардер Марк Цукерберг еднаш открил зошто секој ден носи едноставна сива маица на работа. Интересно е дека дури и неговиот аватар во „Метаверс“ е во сива боја.
Новинарите еднаш ја искористија приликата да го прашаат милијардерот „зошто носи сива боја, кога може да си го дозволи се што ќе посака“, а неговиот одговор е многу интересен.
Како што објаснил, неговиот недостаток на осет за мода му овозможува да остане повеќе фокусиран на неговиот деловен живот.
- Навистина сакам да си го поедноставам животот за да морам да носам што помалку одлуки за што било друго освен како најдобро да и служам на оваа заедница, рекол тој, додавајќи дека во плакарот има „повеќе исти маици“.
- Се чувствувам како да не си ја работам својата работа ако дел од мојата енергија трошам на нешта кои се глупави или несериозни, додал тој.
Судејќи по неговиот Инстаграм-профил, основачот на Мета (поранешен Фејсбук) во меѓувреме ги прошири своите модни изданија, па во последно време често можеме да го видиме во темносини маици, но и во малку похрабри изданија, пишува Индекс.