logo
logo
logo

ДА, на секого може да му се случи: Сите родители кои ги заборавиле своите деца во автомобил имаат нешто заедничко!

Vecer | 20.06.2021

ДА, на секого може да му се случи: Сите родители кои ги заборавиле своите деца во автомобил имаат нешто заедничко!

Дете трагично почина во автомобил во Книн, откако неговиот татко го заборавил во автомобил. Детето починало од хипертермија, а неговото тело буквално се прегреало.

Ужасниот случај ја подели јавноста во регионот. Додека едни жалат за несреќниот татко, други го осудуваат тврдејќи дека на нив вакво нешто никогаш нема да им се случи.

"Вашингтон Пост" објави исклучително детален текст за случаи на заборавени деца, наведувајќи примери за татко кој го заборавил своето дете во автомобил и се сетил по 10 часа, како една мајка отишла во градинка да го собере своето дете, а не го приметила неговото безживотно тело на задното седиште и како постојат родители кои со години се борат да имаат потомство, а го заборавиле својот син врзан во автомобилот со часови. Но, текстот не го покренува прашањата како е можно да се случи вакво нешто – туку акцентот е ставен на тоа дека едноставно се случува.

Во продолжение е текстот кој доби Пулицерова награда за оваа тема:

Ваквото нешто им се случува на богатите. На сиромашните и на тие од средна класа. На мајките и на татковците. Им се случува и на хронично отсутните и фанатично организирание, на факултетски образованите и на оние без образование. Во последните 10 години ваква трагедија му се случила на забар, на поштар, на социјален работник, на офицер, на сметководител, војник, електричар, на свештеник, на медицинска сестра, инжинер, на советник за ментално здравје, универзитетски професор и мајстор за пица. Му се случило и на педијатар и на ракетен научник.

Минатата година ваков немил настан се случил три пати во еден ден. Беше најлошиот ден досега. Иако сите случаи се различни сепак кај нив постои еден ужасен момент – а тоа е кога родителот сфаќа што направил и кога се јавува на својот партнер. Ова е проследено со избезумен сприт до својот автомобил а таму го чека најлошата работа во светот.

Студијата јасно кажува дека постои шема кај сите овие родители.

-Кога родителите го забораваат своето дете во автомобил и тоа резултира со смртен исход утврдено е дека во тој период биле изложени на голема животна промена и хроничен стрес, ненадејна промена во рутината или изложеност на долгорочен недостаток на сон.

Како и таткото од Книн кој реагирал по наредба откако добил повик од војската да дојде на работа така и се поставува прашањето во какво општество живееме кога луѓето се под толку голем стрес кој го потиснува нивниот најсвет инсинкт – чување на своето потомство.

Луѓето се преморени и растревожени, а за жал во такви случаи највисоката цена ја плаќаат нивните деца. Децата умираат, а родителите остануваат живи живеејќи во агонијата и страшната глетка закована во нивните глави.

Таткото од Книн кој го заборави своето дете во автомобилот повеќе од 7 часа е професионален војник, човек кој по прележаниот Ковид се жалел на губење на меморијата. По ваквиот настан тој бил уапсен но кратко потоа и ослободенн бидејќи било оценето дека нема услови за кривична постапка.

Како поука и опомена, наместо да ги осудуваме луѓето кои остануваат во доживотен затвор и тоа во затворот на сопствениот пекол потребно е малку да размислиме и да се запрашаме.

Колку дозволуваме работата и постојаниот стрес да земат дел од нас?

Колку мораме одма да се јавиме на телефон и да брзаме некаде? Колку вреди да заборавиме каде сме и со кого сме?

Колку луѓе околу нас се борат со проблеми за кои ние не сме свесни?

Луше кои брзат дома за да им обезбедат ладен леб на своите деца, да ги посетат старите и билните родители и да стигнат на лекар кој ќе им соопшти дека резултатите не им се добри.

Колку имаме право некого да осудуваме?

Како можеме да помогнеме?

За жал, луѓето повеќе или помалку свесни им штетат на своите и на туѓите деца секојдневно.

Возат пијани. Се коцкаат. Се караат со другите членови од семејството пред своите деца. Изневеруваат. Се разведуваат плукајќи го другиот родител. Се влечат едни со други по судови. Поминуваат време по кафулиња или барови наместо да се дома со нивните деца.

Наместо да осудуваме потребно е да понудиме помош – пред да биде предоцна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk