logo
logo
logo

Масовно се пијат суплементи од магнезијум но, НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ И ЗА ИСТА НАМЕНА - КОЈ Е ЗА ВАС?!

Vecer | 07.08.2026

Масовно се пијат суплементи од магнезијум но, НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ И ЗА ИСТА НАМЕНА - КОЈ Е ЗА ВАС?!

Магнезиумот е есенцијален минерал кој учествува во стотици функции во телото, од нормална мускулна и срцева функција до подобра концентрација и квалитетен сон.

Магнезиумот може да се добие преку храна - најзастапен е во зелениот лиснат зеленчук, јаткастите плодови и мешунките, но многу луѓе денес не внесуваат доволно од овие намирници, па затоа се свртуваат кон додатоци во исхраната.

Пред да посегнете по првиот додаток во исхраната на кој пишува „магнезиум“, застанете и размислете внимателно - бидејќи не секој магнезиум е ист, а не секој е за секого. Пред да купите, размислете внимателно што всушност ви е потребно и не двоумете се да побарате совет од аптека, бидејќи правилниот избор може да направи голема разлика.

Магнезиум цитрат

Доколку имате лошо варење или запек, магнезиум цитратот може да биде добар избор. Брзо се апсорбира, помага во работата на цревата и ги ублажува грчевите.

Магнезиум глицинат

За оние кои се под хроничен стрес, се чувствуваат напнато или страдаат од несоница, се препорачува магнезиум глицинат. Добро се апсорбира, има смирувачки ефект врз нервниот систем и може да помогне при несоница.

Магнезиум оксид

Иако слабо се апсорбира, познат е по својата ефикасност како благ природен лаксатив, па затоа често се користи за решавање на овој проблем.

Магнезиум тауримат

Луѓето кои сакаат да го поддржат здравјето на срцето и да го регулираат крвниот притисок може да имаат корист од магнезиум тауримат, кој дополнително помага при анксиозност и напнатост.

Магнезиум хлорид

Ако страдате од болки во мускулите, грчеви или воспаление, магнезиум хлоридот во форма на лосион или додаток за капење може да биде одличен избор - телото добро го апсорбира преку кожата, а дејството е брзо и локализирано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk