Даблин започна пилот-проект со чувари за чување на статуата на Моли Малоун, позната по тоа што луѓето ги допираат нејзините гради, за што се верува дека носи среќа.
Градот ги стави чуварите на пробен период од седум дена за да се минимизира штетата на статуата и да се заштити симболот на Даблин, пишува „Гардијан“.

Статуата е подигната во 1988 година, а оттогаш стана популарна меѓу туристите, кои веруваат дека допирањето на нејзините гради ќе им донесе среќа и ќе им обезбеди повторна посета на ирскиот главен град.
Сепак, по години толерирање на тој обичај, од градот решија да го спречат, бидејќи поради постојаното допирање биле забележани оштетувања на статуата.
Градскиот службеник за уметност, Реј Јејтс, изјави дека властите разгледуваат различни опции за иднината на статуата, вклучително и поставување ограда или преместување на статуата на друга локација, додека повратните информации од чуварите ќе помогнат во донесувањето конечна одлука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата