logo
logo
logo

Чини „ПЕТ ПАРИ“, а ја чисти целата куќа: Отстранува бигор, дамки, непријатни мириси

Vecer | 16.05.2025

Чини „ПЕТ ПАРИ“, а ја чисти целата куќа: Отстранува бигор, дамки, непријатни мириси

Ефикасноста на лимонтусот во чистењето на тврдокорните дамки и бигорот во домаќинството е неверојатна. Ова средство од само неколку денари е одлична алтернатива на оцет и сода бикарбона.

Главни примени на лимонската киселина во чистењето:

- Мијалник - посипете со сода бикарбона, додадете кесичка лимонтус и исцедете лимон, а потоа исплакнете.

- Машина за миење садови - ставете кесичка лимонтус во преградата за таблети и започнете со перење.

- Бокал - сварете вода со две кесички лимонтус, оставете да делува еден час и исплакнете.

- Туш и славини - испрскајте раствор од лимонска киселина и вода, оставете некое време, а потоа исплакнете.

- Машина за перење - додадете 7-8 лажици лимонтус и вклучете го циклусот на плакнење.

- Долна облека - користете раствор од лимонтус и вода наместо омекнувач за алишта.

- Отстранување на дамки - потопете ја облеката со жолти дамки во раствор од лимунтус и вода пред перење.

Лимонтусот се издвојува како ефикасно средство кое отстранува бигор, чисти апарати за домаќинство и освежува облека без силни хемиски мириси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk