Зара се нашла на висина од 5.364 метри, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше петгодишната Приша Локеш Никајо од Индија.
Зара била придружувана од нејзиниот татко Дејвид Сифра и нејзиниот седумгодишен брат Саша. Нивната авантура ја одбележаа тешки предизвици, како што се температурите кои се спуштија до -25 степени Целзиусови.
Затоа таткото посебно се грижел за аклиматизацијата, следење на заситеноста на крвта со кислород и постепено напредување до целта, пренесува NDTV.
На Инстаграм се објавени фотографии на кои се гледа епската авантура на Зара и нејзиниот постар брат. Се наведува дека семејството сега се враќа од базниот камп.
„Никогаш не се капе во топла вода, напротив додава мраз, па веројатно студот не ѝ бил проблем. За време на искачувањето таа не се пожали, благодарение на одличната кондиција, па дури претекна многу алпинисти“, беше наведено.
Децата ќе „покријат“ околу 270 километри до и од базниот камп, со кумулативна надморска височина од 20.000 метри.
Гордиот татко верува дека необичното воспитување на неговата ќерка во Малезија ѝ помогнало да успее во нејзината голема авантура.
Од раното детство, Зара пешачела пет до 10 километри дневно, со постепено зголемување на надморската височина до 600 метри.
Во текот на 2023 година, открива Дејвид Сифре, девојчето пешачело повеќе од 2.200 километри низ малезиската џунгла.
„Убаво е да се биде овде со Зара, џунглата е неспоредливо потешка. Патеките на Хималаите се многу подобри од грубиот терен во џунглата“, објавија на мрежите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата