Градот Бенд стана сензација на социјалните мрежи откако залепени очи почнаа да се појавуваат на статуи и мурали низ градот, пишува Sky News.
Во апелот упатен до граѓаните од градското собрание на Бенд, се наведува дека овие интервенции на бројни уметнички дела во градот може да предизвикаат смеа, но се посочува дека се потребни многу пари за нивно внимателно отстранување, без да се оштети оригинална работа.
„Ги сакаме тие смешни очи. Овој град станува премногу досаден. Ајде да се забавуваме“, изјави еден жител на Бенд за Sky News.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата