logo
logo
logo

Череп на мистериозно животно се појави на брегот на Калифорнија, сите потрчаа да се сликаат

Vecer | 27.02.2024

Череп на мистериозно животно се појави на брегот на Калифорнија, сите потрчаа да се сликаат

Мрежите се преплавени со фотографии од локални жители кои трчаат да се сликаат покрај черепот, а се води жестока дебата за какво суштество се работи.

Експертите шпекулираат дека најверојатно се работи за син или кит перкар, пренесува The Sacramento Bee.

„Двата вида се огромни, односно имаат черепи кои се мерат во метри, а не во сантиметри. И тие се доста слични“, рече Роберт Босенекер од Центарот за палеонтологија Чарлстон во Јужна Каролина.

Засега, потеклото на черепот е непознато, но се верува дека припаѓа на остатоци од кит кој бил изфрлен на брегот во октомври 2023 година, соопшти Природонаучниот музеј Санта Круз.

Сепак, посмртните останки биле во фаза на распаѓање, па идентификацијата била невозможна.

Сините и перкарните китови се двете најголеми суштества на Земјата, според Националната океанска и атмосферска администрација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk