logo
logo
logo

Пронашол шише со порака, стара 13 години- ја прочитал и веднаш ја закопал

Vecer | 24.07.2024

Пронашол шише со порака, стара 13 години- ја прочитал и веднаш ја закопал

За да ја олесни работата користел детектор за метал и необичното откритие го споделил со корисниците на Редит.

Типот ја пребарувал плажата кога детекторот заѕвонил. Изненаден почнал да копа и на длабочина од 15 сантиметри пронашол шише со порака.

Во првиот момент помислил дека станува збор за глобално популарната игра „лов на богатство“, но набрзо ја сфатил својата грешка, пренесува The Sun.

Пораката гласела: „Ова е пепелта на мојот син Стивен Генберг (31 август 1998 година - 18 јули 2011 година). Ако го најдеш, биди добар и врати го. Ви благодарам. Тажната мајка“.

Навистина, во шишето нашол ролна пепел, по што го затворил садот и го закопал во земја.

Sad but interesting find
byu/Leading_Ad_9732 inmetaldetecting

Бројни корисници реагираа на објавата и изразија жалење.

„Ова е навистина тажно“, напишала една личност, а друга продолжи: „Губењето на детето е најлошото искуство во човековото постоење“.

Имало и такви кои се обидоа да дознаат повеќе за покојниот Стивен Генберг, но ништо конкретно не е објавено.

Поединци биле изненадени кога го виделе садот.

„Капакот е обложен со пластика, не е кородиран, а мајката сигурно не размислувала за луѓето кои пребаруваат плажи со детектори за метал. Сепак, таа оставила порака“, напишал авторот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk