По серија детални проверки и консултации со домашни и странски експерти, Скопје ЗОО денеска потврди дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк (Canis lupus), а не куче или мешанец од расата чехословачки волчјак.
Дилемата во јавноста беше разрешена откако во текот на денот во Зоолошката градина дојдоа сопствениците на изгубеното куче Сириус, по кое трагале два месеци. По директниот увид, тие самите потврдија дека заловеното животно не е нивното милениче, туку станува збор за диво животно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата