logo
logo
logo

(Видео) „ЕЈ, ОВА Е НЕПОЧИТУВАЊЕ!“, Макрон го изгуби трпението и го грабна микрофонот

Vecer | 12.05.2026

(Видео) „ЕЈ, ОВА Е НЕПОЧИТУВАЊЕ!“, Макрон го изгуби трпението и го грабна микрофонот

Францускиот претседател Емануел Макрон невообичаено интервенираше за време на самитот „Africa Forward“ во Кенија, прекинувајќи ги говорниците за да побара тишина и ред во салата.

Додека на сцената траеше официјално излагање, Макрон забележа дека во публиката се водат гласни приватни разговори. Тој директно им се обрати на присутните со зборовите:

„Еј, еј, еј... Ова е целосно непочитување!“

Францускиот претседател остро им порача на сите кои имаат потреба од меѓусебна комуникација, разговорите да ги продолжат надвор од салата или во просториите предвидени за билатерални состаноци.

Самитот во Најроби собра повеќе од 30 африкански лидери, претставници на компании и млади претприемачи. Овој настан е од големо значење за официјален Париз, кој преку зајакнување на економските и политичките врски се обидува да го врати својот влијание на африканскиот континент по серијата политички и воени тензии во изминатиот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk