Овој август ќе видиме дури 6 планети на небото. Најдобро време за набљудување ќе биде од 18 до 23 август, а на ноќното небо од Србија, следните планети ќе бидат наредени по ред: Меркур, Венера, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.
Четири планети – Меркур, Венера, Јупитер и Сатурн, ќе бидат видливи со голо око, додека за да се забележат Уран и Нептун ќе бидат потребни специјални двогледи или телескоп.
Ова планетарно порамнување ќе биде видливо до крајот на месецот.
Астрономите советуваат набљудување далеку од градските светла, под ведро и темно небо.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата