logo
logo
logo

Братче и сестриче на 10 и 11 години четири часа возеле од Флорида кон Калифорнија (ФОТО)

Vecer | 24.09.2023

Братче и сестриче на 10 и 11 години четири часа возеле од Флорида кон Калифорнија (ФОТО)

Полицијата на округот Алачуа забележале бело патничко возило, за кое било пријавено дека е украдено, како се движело по патот, соопшти полицијата во објава на Фејсбук.

Бидејќи возилото било пријавено за украдено, полицајците сметале дека е „ризично“ застанување на возилото, но биле изненадени кога од автомобилот излегол 10-годишниот возач, а потоа и неговата 11-годишна сестра.

Полицајците потоа дознале дека децата биле пријавени за исчезнати во градот Норт Порт и дека украденото возило ѝ припаѓало на нивната мајка, се вели во соопштението.

Децата ѝ кажале на полицијата дека девојчето било вознемирено затоа што мајка ѝ го одзела електронскиот уред поради недолично однесување, а нејзиниот брат ја возел во Калифорнија. Децата биле испрашувани од детективи, кои рекле дека нема индикации дека биле малтретирани од нивната мајка или некој друг во домаќинството.

Мајката одбила да поднесе жалба против нејзините деца кои ѝ биле вратени.

Имињата на мајката и децата не се објавени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk