logo
logo
logo

КОГА ЉУБОВТА ПОБЕДУВА

БРАК СО РАЗЛИКА ВО ВИСИНАТА: Висока сум 91 см, а маж ми 180! Свекрвата НАЈСТРАШНО ја понижила

Vecer | 27.09.2023

БРАК СО РАЗЛИКА ВО ВИСИНАТА: Висока сум 91 см, а маж ми 180! Свекрвата НАЈСТРАШНО ја понижила

Џеси Лејнез од Калифорнија има 34 години и висока е 91 см, а на мајката на нејзиниот сопруг тоа не и се допаѓа, но тие се лудо заљубени. Од одобрувањето на свекрвата се плашат многу жени, а особено е застрашувачко за Џеси. Оваа 34-годишна жена е речиси 90 сантиметри пониска од нејзиниот сопруг Брајан (36). Џеси е висока колку просечно двегодишно дете.

Таа има состојба која погодува еден од милион луѓе и мора да користи инвалидска количка во секојдневниот живот. И додека Џеси е свесна дека можеби ќе треба време за родителите на нејзиниот партнер да ја прифатат, мајката на Брајан, Меги, била поколеблива отколку што очекувала.

 

 

-Кога ја запознав, можам да кажам дека беше напната - признава Џеси и додава дека нејзината свекрва го прашала Брајан дали е сигурен дека сака да биде со некој кому ќе му го „брише задникот до крајот на животот“.

После тоа, парот шест месеци не разговарал со свекрвата Меги. Свекрвата на Џеси претпоставува дека нејзината состојба ја прави целосно зависна од Брајан, кој ќе мора да го посвети својот живот на нејзината грижа. Сепак, ова е далеку од вистината бидејќи Џеси живее главно независен живот при што може сама да се движи, вози и работи.

 

 

Парот се запознал преку интернет, првата средба ја имале во 2018 година, а една година подоцна почнале да живеат заедно. Направиле свадба на плажа на Бахамите во септември 2021 година, но мајката на Брајан не била воодушевена и кога го кажала своето мислење, тоа предизвикало семеен раздор.

Меѓутоа, оттогаш, нивните односи се подобриле бидејќи Меги дознала повеќе за животот на Џеси, како и за динамиката меѓу парот. Во текот на животот, Џеси се соочувала со критики за нејзината висина, вклучително и тоа дека и велеле оти треба „да излегува само со некој што личи на неа“. И исто како и Меги, многумина претпоставуваат дека Брајан е старател на Џеси, а не нејзиниот сопруг.

 

 

- Некој ќе дојде до Џеси и само ќе ја погали по главата - вели Брајан. Поради нејзината состојба, нејзината 'рскавица и зглобовите се дегенерираат побрзо од оние на просечниот човек.

Меѓу нејзините секојдневни предизвици е да посегне по работи, да најде облека за возрасни што и одговара... Парот би сакал да има деца, иако моментално немаат време, но засега се задоволни со своите миленици, пренесува Сан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk