logo
logo
logo

Божикна елка вреди 5,2 милиони евра е поставена во Минхен, но не е најскапата на светот (ВИДЕО)

Vecer | 09.12.2024

Божикна елка вреди 5,2 милиони евра е поставена во Минхен, но не е најскапата на светот (ВИДЕО)

Блескавата креација е висока три метри и украсена со 2.024 златници (направени во чест на Виенската филхармонија). Целиот проект е реализиран во соработка со Државната ковница на Австрија.

Компанијата од Германија тргува со благородни метали и истакнува дека нивната „елка“ не е на продажба, пишува Њујорк пост.

„Тоа го илустрира безвременското значење на благородниот метал на импресивен начин“, изјави портпаролот на Pro Aurum, Бенџамин Сума.

Наместо традиционалната ѕвезда, горниот дел е украсен со голем златник од 24 карати.

Вредноста на елката во Минхен ги остава луѓето без зборови, но треба да се нагласи дека не е најскапата на светот.

Таа чест му припаѓа на примерокот кој претходно беше поставен во фоајето на луксузниот хотел Emirates Palace во Абу Даби.

Таа е украсена со голем број украси од чисто злато, дијаманти, бисери, сафири и смарагди и вредеше неверојатни 10,8 милиони долари!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk