logo
logo
logo

БИЗАРНО: Си ја лажирал смртта за да види кој го сака, а кој не (Видео)

Vecer | 04.04.2025

БИЗАРНО: Си ја лажирал смртта за да види кој го сака, а кој не (Видео)

Дејвид Бертен од Белгија, одлучил сурово да му покаже на своето семејство што значи да се изгуби некој близок. Така, тој ја лажирал сопствената смрт и го организирал својот погреб. На помош му прискокнале сопругата и децата.

Неговата ќерка објави порака на ТикТок која го шокираше нивното семејство. Објавата гласеше: "Почивај во мир тато. Никогаш нема да престанам да мислам на тебе. Зошто животот е толку неправеден? Зошто ти? Требаше да бидеш дедо и цел живот го имаш пред тебе. Те сакаме и никогаш нема да те заборавиме".

На погребот дошле членовите на семејството и пријателите, собрани во поворка, но, додека тагувале, над нив се слушнал силен звук и наеднаш се појавил хеликоптер од кој излегле снимател и „покојникот“, а веројатно можете да замислите какви биле реакциите на семејството.

Што се однесува до причината зошто го направил тоа, Дејвид објаснил: "Многу ме повреди тоа што семејството не ми се јавува и што сме се пооддалечени еден од друг. Се чувствувам невидливо, како да не ме ценат. Имав желба да им покажам колку е важно да ги цениме оние кои се со нас додека се живи".

Видеото од овој настан објавено на ТикТок и набрзо стана вирално и предизвика, благо кажано, различни реакции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk