logo
logo
logo

Бизарен тренд меѓу тинејџерите: Се маскираат во животни и касаат луѓе на улица (ВИДЕО)

Vecer | 17.10.2024

Бизарен тренд меѓу тинејџерите: Се маскираат во животни и касаат луѓе на улица (ВИДЕО)

Се претпоставува дека тинејџерите имитираат животни - носат маски, одат на сите четири, ржат или мјаукаат. Сепак, се тврди дека имало и случаи да напаѓаат случајни минувачи.

Наводно, полицијата во Узбекистан трага по најмалку еден тинејџер кој каснал лице на улица со кучешка маска, пренесува британски Телеграф.

На мрежите кружат видеа и фотографии од љубители на овој тренд, додека локалното МВР предупредува дека во случај на недолично однесување, нивните родители ќе бидат казнети.

„Експертите веруваат дека „квадробајк“ може да доведе до тоа децата да преземат агресивно однесување на животните, да се повредуваат себеси и другите. Тоа може да доведе и до промена на свеста на децата и нивна изолација од општеството“, се наведува.

Се верува дека „ квадробајк “ е инспириран од јапонски спринтер, односно неговиот рекорд во трчање на сите четири.

Се чини дека трендот се пресели од Јапонија и Северна Америка во Русија, Казахстан, Узбекистан и Украина.

Руската сенаторка Наталија Косихина предложи забрана за квадробајк.

„Мораме да се погрижиме децата да бидат повеќе заинтересирани за спортски и едукативни активности, кои нема да им наштетат на психата и здравјето на другите“, рече таа.

Од друга страна, некои психолози сметаат дека тоа е безопасна забава и детска игра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk