logo
logo
logo

Авион од 78 тони прегази аеродромски работник, за чудо преживеа: Слушнав како ми пукаат коските

Vecer | 17.10.2024

Авион од 78 тони прегази аеродромски работник, за чудо преживеа: Слушнав како ми пукаат коските

Тој го подготвувал леталото за полетување, но пилотот не го забележал и почнал да „таксира“ на пистата. Несреќниот млад човек завршил под предната опрема за слетување.

Хасанов бил пренесен во локална болница и опериран, а лекарите морале да му ампутираат една нога.

Сега решил да раскаже што се случило кобниот ден на аеродромската писта, пренесува The Sun.

„Огромното тркало ми помина преку ногата и застана. Почувствував како ми се кршат коските. Цело време бев свесен, додека седум минути лежев под авионот“, рекол тој.

Младиот човек објаснува дека изгубил многу крв, и дека раскажал што се случило во брзата помош. Потоа се онесвестил.

Тој се освестил пет дена подоцна, бидејќи бил во индуцирана кома.

„Се разбудив и погледнав наоколу. Не личеше на рајот. Ме сместија на одделението за интензивна нега, а мајка ми беше покрај креветот. Не ме фати паника“, додаде тој.

Хасанов вели дека знаел дека „нема надеж“ за неговата нога, но дека е среќен што е жив.

По истрагата, за инцидентот е обвинет пилотот на Ербас А320 тежок 78 тони. Поради оваа причина, жртвата добила отштета од 16.000 фунти.

Младиот човек се уште е вработен на истиот аеродром, се подготвува да му постават протеза на ногата и да се врати на работа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk