logo
logo
logo

Белгиската принцеза Елизабета положи заклетва како воен офицер (ВИДЕО)

Vecer | 28.09.2023

Белгиската принцеза Елизабета положи заклетва како воен офицер (ВИДЕО)

Таа ја продолжи семејната традиција по примерот на петте поранешни престолонаследници, вклучувајќи го и нејзиниот татко Филип.

Престолонаследничката во вторникот вечерта положи заклетва како офицер на Кралската воена академија во Брисел на „лојалност кон кралот и послушност кон уставот и законите на белгискиот народ“.

Елизабет е првата што положи заклетва на холандски, француски и германски, трите официјални јазици во Белгија, а по неа 95 нејзини колеги, објави весникот „Ле Соар“. Последниот престолонаследник кој го сторил тоа бил таткото на Елизабета, кралот Филип, во септември 1980 година. Кралот Филип и кралицата Матилда беа присутни на церемонијата во вторникот.

Како најстаро дете на Филип и Матилда, 21-годишната Елизабет стана првата белгиска престолонаследничка. Ова беше овозможено со уставниот амандман во раните 1990-ти, кој им овозможи на жените да го заземат белгискиот трон.

Во текот на изминатите 170 години, петмина престолонаследници пред неа биле назначени како воени офицери пред да станат шефови на држави во Белгија, соопшти кралската палата. Кралот во Белгија главно игра симболична улога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk