logo
logo
logo

БЕБЕ СО 26 ПРСТИ се роди во Индија и потполно е здраво (ФОТО)

Vecer | 21.09.2023

БЕБЕ СО 26 ПРСТИ се роди во Индија и потполно е здраво (ФОТО)

Во Индија се роди бебе со вкупно 26 прсти на рацете и нозете. Родителите на бебето биле воодушевени и ја нарекле реинкарнација на хинду божица.

Девојче родено во болница во Баратпур, во северната индиска држава Раџастан, има седум прсти на рацете и шест прсти на секоја нога. Лекарите нејзината состојба ја опишале како генетска аномалија, но семејството на девојчето е воодушевено.

Тие веруваат дека таа е реинкарнираната верзија на Долагар Деви, позната локална божица чиј храм се наоѓа во близина на местото каде што е родена. Според статуите на божеството, Долагарх Деви има неколку раце.

Мајката на бебето, Сарја Деви (25), како и таткото на бебето, Гопал Бхатачарја се многу среќни.

Лекарот од болницата каде што е родено бебето потврдил дека бебето е здраво.

„Нема штета да имаш 26 прсти, но тоа е генетска аномалија. Девојчето инаку е апсолутно здраво“, вели докторот.

Засега не е познато дали семејството планира нивното неродено девојче да биде подложено на операција за намалување на бројот на прстите на секој екстремитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk