Ана Ивановиќ ги чува како истакнати фотографиите во Инстагра-папката „маженце“, а тоа „маженце“ се појавува јавно и се фотка со нова девојка. Бастијан ја понижи Ана на овој начин, бидејќи дури и пред разводот, тој веќе покажа дека има нова девојка?! Не е баш јасно кога ја пронашол бидејќи само пред пет месеци беше со Ана и објавуваше заеднички фотографии.
Затоа и не е изненадувачка лавината што се спушти врз него.
- Басти, излезе таков клошар. Во склад со твоето презиме - гласи една од бројните пораки.
И навистина е сосема несоодветно и неверојатно што Бастијан се појавува на Мајорка со нова девојка. Од толку многу места каде што може да биде „инкогнито“ со неа - тој го избира царството на папараците и место каде што е релативно лесно да бидат фатени.
Потоа стигнавме до тоа Ана и новата девојка на Швајнштајгер - во исто време да ги чекаат децата пред училиштето! Поранешната српска тенисерка се најде лице в лице со новата партнерка на Бастијан, Бугарката Силва, и тоа, ни помалку ни повеќе, пред училиштето на нивните деца!
Според германскиот Билд, Ана и Силва се појавиле да ги земат најмалите од престижното меѓународно училиште на Мајорка, кое го посетуваат и деца од бројни познати семејства.
И така „Билд“ рутински ја реши целата мистерија околу разводот и јасно покажа кој и што предизвика раскинување меѓу Ана и Швајни - прељубата од страна на германскиот фудбалер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата