logo
logo
logo

Индија во борба со загадувањето ограничува број на возила и воведува работа од дома

Vecer | 17.12.2025

Индија во борба со загадувањето ограничува број на возила и воведува работа од дома

Индексот на квалитетот на воздухот (AQI) во регионот на Делхи, каде што живеат околу 30 милиони луѓе, во последните денови е во категоријата на „тешко“ загадување и често надминува вредност од 450. Маглата дополнително ја влоши видливоста во одредени делови од градот, што го наруши авионскиот и железничкиот сообраќај.

Поради влошување на ситуацијата, Комисијата за управување со квалитетот на воздухот во саботата ја активираше четвртата фаза – највисокото ниво од Планот за постепен одговор за Делхи и околните подрачја.

Клучните мерки вклучуваат забрана за влез во градот на постари дизел-камиони, прекин на сите градежни работи, вклучувајќи ги и јавните проекти, хибридна настава во училиштата, 50 проценти работа од дома: Сите приватни и државни канцеларии ќе работат со најмногу 50 отсто од вработените со физичко присуство.

Министерот во локалната самоуправа, Капил Мишра, додаде дека регистрираните градежни работници, кои зависат од дневници, ќе добијат надомест од околу 110 долари поради прекинот на работите.

- Нашата влада е посветена на обезбедување чист воздух во Делхи. Ќе преземеме строги чекори за да го обезбедиме тоа во наредните денови, изјави министерот за животна средина на Делхи, Манџиндер Синг Сирса.

Загадувањето на воздухот е хроничен зимски проблем во Њу Делхи, бидејќи студениот и густ воздух ги задржува емисиите од сообраќајот, градилиштата и палењето на земјоделските остатоци во соседните држави.

Индексот на квалитет на воздухот под 50 се смета за добар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk