logo
logo
logo

„На моите родители им кажале дека сум умрела на раѓање, па ме продале“: 25 години подоцна мрачната вистина излезе на виделина

Vecer | 16.04.2025

„На моите родители им кажале дека сум умрела на раѓање, па ме продале“: 25 години подоцна мрачната вистина излезе на виделина

Девојчето Беле Барбу е родено во ноември 1994 година во сиромашно семејство во Романија. Нејзините родители биле многу среќни поради нејзиното раѓање, но набрзо им била соопштена катастрофална вест.

Имено, тие тогаш го известиле семејството Барбу дека нивната ќерка е болна и дека ќе ја задржат во болница на понатамошно лекување, но не прецизирале што точно не е во ред со девојчето. Набрзо им било кажано дека нивната ќерка починала.

Украдено бебе

Беле всушност била киднапирана и одведена во сиропиталиште за трговија со луѓе каде била платена голема сума пари за нејзиното посвојување во Америка.

Во текот на животот почнала да се сомнева додека ги гледала родителите. Тие беа русокоси, а таа не. Нивниот тен бил различен и таа чувствувала дека нешто не е во ред. Имала осум години кога родителите ѝ кажале дека е посвоена.

– Растев во Америка и не личев на моите русокоси родители. Но, кога имав осум години ми објаснија дека сум посвоена како мало бебе што беше огромен шок. Рекоа дека се презивам Барбу, дека сум родена во Романија и дека моите родители не ме сакаат. Збунета и засрамена тоа го криев од сите, но болката никогаш не помина – изјавила девојката.

– Буквално ме оддалечија од моите родители и ме научија на сосема поинаков живот. Сè уште не знам како да му се заблагодарам на Господ што нè зближи. Како го направи тоа? Тоа беше чудо... Нема ништо совршено во мојата приказна, но сепак, сè се собра толку совршено. Никогаш во животот не сум плачла повеќе од сега кога го поминав ова патување – изјави Беле.

Семејно обединување

Таа успеала повторно да се поврзе со своето биолошко семејство, но патувањето не било лесно или брзо. После 25 години таа конечно се споила со биолошките родители. Имало многу солзи. Бела, која сега живее во округот Вашингтон, Јута, била охрабрена од пријателите да направи ДНК-тест кој покажал дека ги влече корените од Индија, Израел и делови од Европа.

Една од нејзините пријателки, која исто така била посвоена од Романија, ги сподели резултатите во група на Фејсбук формирана за да им помогне на посвоените романски деца да најдат членови на семејството. Групата досега имала повеќе од 500 успешни приказни и им биле потребни само 48 часа да го пронајдат биолошкото семејство на Бела.

Тогаш решила да стапи во контакт со Operation Subway – непрофитна организација која помага повторно да се обединат жртвите на трговија со деца со нивните биолошки родители. Беше остварен контакт со истражител во Романија кој можеше да потврди ДНК совпаѓање помеѓу Бела и нејзиното семејство. Дури тогаш ја открила вистинската приказна зошто биле разделени при раѓањето. Беле отпатувала во Италија, заедно со основачот на организацијата, Тим Балард, за повторното обединување.

– Потоа, во јули 2019 година, наидов на група на Фејсбук која им помага на посвоените Романци да ги најдат своите семејства. Нервозно ги објавив моите години и презиме и бев шокирана кога веднаш добив некои одговори. Сара, жената која ја водеше групата, го препозна моето ретко презиме, а само 48 часа подоцна преку социјалните мрежи го пронајде брат ми Мојс (20) – продолжува:

– Сара ни ги преведе пораките и набрзо дознав дека имам и сестра Симона (33) и брат Флоријан (29). Тогаш дознав дека мојата биолошка мајка Маргари и татко ми Замбила сега живеат во близина на Рим. Главата ми се вртеше од толку многу информации. Три недели подоцна, разговарав со моето семејство по телефон. Кога ја слушнав мајка ми преку преведувачот, почнав да плачам, а набрзо сите ги бришеа солзите.

Постојано кажуваше колку и е жал, дека се обидуваат да ме најдат и дека се молат секој ден. Дури после тоа, кога ми ги преведоа нејзините зборови, разбрав. Моето семејство било многу сиромашно кога мајка ми останала бремена. Живееле во шатори и правеле цигли за пари, тоа било неверојатно напорна работа. Но, парите завршиле и по една година веќе не знаеле каде да ме бараат.

Додека ги обработував дојдовните информации во мојата глава, едвај дишев, болката на моите родители беше незамислива. Пријателите беа шокирани кога им кажав, бидејќи секогаш малку зборував за мојот приватен живот. Додека излегувале од породилиштето, медицинската сестра истрчала по нив да им ја каже вистината, дека ме зеле и ме продале. Моите родители ги потрошиле последните пари што ги имале на бензин, оделе во секое сиропиталиште обидувајќи се да ме најдат.

Моментот е забележан на камерата како Беле нервозно влегува во дворот каде се собрало нејзиното романско семејство. Нејзината мајка целата е во солзи. Бела исто така почна да плаче и нежно ја галеше мајка си по грбот. Потоа го запознала својот биолошки татко кој ја прегрнал во цврста прегратка. Бела потоа се сврте и ѝ се обрати на групата.

– Имам многу да кажам и сакам да ве запознаам со моите пријатели и семејството – низ солзи зборува таа.

Семејството беше многу емотивно за оваа средба, која имаше големо влијание на сите нив и им го промени животот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk