logo
logo
logo

„ЦРНАТА СМРТ“ СЕ ПОЈАВИ ВО РУСИЈА - Има и смртен случај, цел регион во карантин!

Vecer | 03.10.2026

„ЦРНАТА СМРТ“ СЕ ПОЈАВИ ВО РУСИЈА - Има и смртен случај, цел регион во карантин!

Една жена почина од ретка и опасна белодробна форма на чума во руската регија Иркутск во Сибир, додека руските медиуми пренесуваат дека десетици лица се ставени во строг карантин, пренесуваат светските агенции.

Според локалните медиуми, станува збор за 28-годишната лабораториска техничарка Дарија Шипилова, која работела на Институтот за сузбијање на чума во Иркутск. Се претпоставува дека таа се заразила со смртоносната бактерија при несреќен случај со скршена епрувета за време на работата.

Веста за смртниот случај ја потврди и Алексеј Циденов, гувернер на соседтната руска регија Бурјатија, објавувајќи на социјалните мрежи дека жената починала од оваа опасна болест. Локалните извори наведуваат дека дури до 200 луѓе со кои таа имала контакт се ставени под здравствен надзор и во изолација, додека руското Министерство за здравство сè уште нема официјално коментирано за инцидентот.

Светската здравствена организација (СЗО) потсетува дека плуќната чума е исклучително заразна форма на болеста која може да биде фатална доколку не се лекува навремено, што предизвикува зголемена загриженост и итни епидемиолошки мерки на терен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk