logo
logo
logo

Австралија им ги одзеде одликувањата на неколку свои команданти заради сторени воени злосторств

Vecer | 12.09.2024

Австралија им ги одзеде одликувањата на неколку свои команданти заради сторени воени злосторств

Препораката за одземање на медaлите на командантите ја даде генерал-мајор Пол Бреретон, кој ја водеше истрагата за воени злосторства, наводно сторени од страна на австралиските специјални сили во периодот меѓу 2005 и 2016 година. 

Генералот Бреретон открива дека околу 25 командоси од два полка на специјалните сили биле вклучени во незаконските убиства на 39 Авганистанци.

-Обвиненијата, што се предмет на извештајот на Бреретон, се веројатно најсериозните обвиненија за австралиски воени злосторства во нашата историја, рече Марлс во австралискиот Парламент.

Марлс им пишал на командантите на овие војници за медалите што ги добивале за нивната служба во периодите кога наводно биле извршени воени злосторства. Тој не прецизираше пред парламентот на колку од нив им пишал, ниту ги прецизираше нивните чинови, повикувајќи се на заштитата на личните податоци.

Одземањето на медалите го осуди претседателот на Асоцијацијата на специјалните сили на Австралија, Мартин Хамилтон-Смит, оценувајќи го чинот како „предавство на храброста и пожртвуваноста на австралиските војници“.

„Одлуката на владата го игнорира храброто лидерство на овие млади офицери на бојното поле врз основа на недокажани тврдења дека некаде во некое зафрлено село, невидено и непознато за овие команданти, можеби се случил незаконски чин по нивна наредба“, рече Хамилтон-Смит. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk