logo
logo
logo

Австралиец го лажирал своето киднапирање за да биде со својата љубовница

Vecer | 27.09.2023

Австралиец го лажирал своето киднапирање за да биде со својата љубовница

Австралиец кој лажирал сопствено киднапирање за да ја помине новогодишната ноќ со друга жена наместо со партнерката, мора да плати отштета на полицијата. Судот наредил Пол Иера (35) да плати 16.218 австралиски долари (околу 9.800 евра) на полицијата на Нов Јужен Велс за спроведување на истрагата.

На 31 декември 2022 година, Иера испратил СМС порака на својата партнерка преправајќи се дека е од киднаперот. Во пораката пишувало дека ќе го задржи нејзиниот партнер до утро. Партнерката веднаш стапила во контакт со полицијата, која следното утро го пронашла Иера во неговото комбе.

Полицајците вложиле повеќе од 200 часа полициска работа во истражувањето на ова киднапирање, со 16.218 долари потрошени на плати, објавија локалните медиуми. Весникот „Илавара стар“ пишува дека Иера првично ѝ кажал на полицијата дека бил киднапиран од група непознати лица од Блискиот Исток и дека подоцна го ослободиле.

Но, истражителите по извесно време утврдиле дека се работи за лажно киднапирање, а во јануари добил кривична пријава за лажна пријава со намера да поттикне кривично дело против други лица, за што е предвидена казна затвор од седум години. Иеара не завршил во затвор, но судот му наредил мерка за добротворна работа и да плати отштета на полицијата.

Извор: Индекс.хр

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk